ВИДЕО: Сити со втор тим до триумф, хет-трик на Нкунку во Куп-победата на Челзи

Фудбалерите на Манчестер Сити и Челзи според планот се пласираа во осминафиналето на Карабао Купот во Англија

„Граѓаните“ со 2-1 беа подобри од второлигашот практично со втор тим. Со доста младинци и неколку искусни имиња, но без првите ѕвезди Пеп Гвардиола тргна против Вотфорд. Резултатот го отвори Џереми Доку по пет минути игра, а веќе до полувремето преку Нуњеш домаќинот на „Итихад“ дојде до двојна предност. Во финишот на средбата преку Инс гостите успеаја да го ублажат поразот. 

Убедлив беше Челзи против четвртолигашот Бароу и го совлада со 5-0 (3-0). Енцо Мареска исто така комбинираше со составот, меѓутоа имаше респектабилни стартни единаесет. На овој меч се истакна Кристофер Нкунку кој постигна хет-трик во гостинската мрежа. Французинот ги постигна првите два гола на стартот од средбата. Потоа до полувремето за 3-0 падна автогол на Фарман. На стартот на продолжението Нето зголеми на 4-0, а конечниот резултат го постави Нкунку.

И останатите два премиерлигаши се пласираа понатаму. Лестер дури по пеналите го скрши отпорот на Валсал со 3-0 (0-0), додека Астон Вила со 1-2 го совлада Викомб на гости.