ФОТО: Сити си игра сеир со Ливерпул со помош на новиот дизајн на топката за ПЛ

Сити Ливерпул

Пред неколку дена беше претставена новата топка која што ќе се користи на натпреварите во Премиер лигата наредната сезона.

Сите зборуваат за нејзините предности и негативни работи, а Манчестер Сити го искористи моментот за да направи сеир на лутиот ривал Ливерпул.

Англискиот првак за еден бод ја задржа првата позиција и ја освои шампионската титула, а еден од моментите кои ја одбележаа сезоната беше спасувањето на Џон Стоунс од самата гол-линија во директниот дуел со „црвените“ на домашен терен.

Дефанзивецот спречи водство и можеби поинаков тек на настаните во трката за титулата, а Твитер профилот на Сити ја искористи снимката од ВАР-технологијата за да се пошегува со ривалот.