• Саше Љолес
Пеп Гвардиола и стручниот штаб на Манчестер Сити сакаат за следната сезона да го вратат во тимот играчот кој настапува во Тотенхем, а тоа е Шпанецот Педро Поро.
Поро беше дел од Манчестер Сити од 2019 до 2022 година, беше позајмуван во Ваљадолид и Спортинг, а потоа Португалците го откупија за речиси девет милиони евра. Една полусезона по трансферот шпанскиот бек дојде на платена позајмица во Тотенхем за пет милиони евра, а потоа за плус 40 беше откупен.
Во таборот на „петлите“ Педро Поро се намета и сериозно напредуваше. Поради тоа пак го привлече вниманието на Гвардиола и Сити кои овојпат ќе треба сериозно да платат за да го доведат бекот.