Сити се соочува со губење поени и испаѓање во трета лига?

Гвардиола Сити

Англиските медиуми споделија шокантни информации поврзани со Манчестер Сити.

Снакцијата од УЕФА за „граѓаните“, кои нема да имаат право да играат во Лигата на шампионите во наредните две сезони, е тема број еден на Островот. Таму се шпекулира за секакви работи, а последните пишувања се разочарувачки за фановите на тимот на Пеп Гвардиола.

Наводно, бранителот на титулата во Премиер лигата би можел да остане без бодови во тековната сезона и дури и да биде исфрлен во трета лига.

Причината за оваа тешка ситуација во која што се наоѓа клубот од Манчестер е прекршувањето на финансискиот фер-плеј. Германски „Дер Шпигел“ прв започна со обвинувања и споделување мејлови и документи кои ја покажуваат вината на премиерлигашот.

Доколку се случат последните најави од медиумите во Англија, тоа ќе значи тотален распад на еден од најдоминантните тимови во поновата историја на англискиот фудбал.