Сити разочарани од УЕФА: Работиме чесно, против нас се води непријателски процес

Фудбалерите на Манчестер Сити претходниот викенд успеаја да ја одбранат титулата во Премиер лигата, но и покрај тоа немаат голем повод за славје, затоа што УЕФА го „чешла“ финансиското работење на клубот, кое на крај може да донесе големи последици. 

Денес, случајот Сити е префрлен од истражната комисија на пресуда во Финансиското контролно тело на УЕФА, кое е последен стадиум пред донесување на конечна одлука, а таа може да биде ригорозна. Во обвинението стои дека клубот свесно ги пумпал спонзорските договор,жи, а некои фудбалери се исплатени од други сметки, а наводно прикажан бил и лажен профит за да се запази финансискиот фер-плеј. 

Но, од англискиот шампион тврдат дека овие обвинувања се лажни и јавно го искажаа разочарувањето од УЕФА.

„Манчестер Сити е сигурен дека ќе го добие овој спор, доколку предметот го разгледува независно судско тело. Обвиненијата се целосно неточни, бидејќи знаеме како работевме во последниот период и сите важни докази им го доставивме. Кога ја прочитавме одлуката сфативме дека против нас се води ограничен и непријателски процес. Разочарани сме од УЕФА“, меѓу другото пишува во соопштението на англискиот клуб. 

Според најавите, доколку се донесе одлука за суспензија, тогаш Сити ќе добие забрана за трансфери на одреден период, а многу веројатно нема да може да настапи во Лигата на шампионите следната година.