• Иван Димовски
Манчестер Сити за минатата сезона пријави рекорден приход од 715 милиони фунти заклучно со 30 јуни 2024 година, а тоа е рекорд во Премиер лигата. Иако клубот очекува казна поради 115 прекршоци на ФФП, тоа не се одрази на финансиите за минатата сезона.
„Граѓаните“ го подобрија својот биланс и имаа уште поголема заработка, поточно за 2,2 милиони фунти подобра од претходната. Тоа се должи на повеќе финансиски фактори, иако во минатата сезона Сити ја освои Премиер лигата, но не го повтори успехот со освојување на четири трофеи меѓу кои и Лигата на шампионите од сезоната 2021/22.
Трошоците за плати се смалени за 1,3 милиони фунти, додека годината е завршена со профит од 73,8 милиони. Приходите од комерцијални права се минимално пораснати и достигнаа 344,7 милиони фунти. На име на трансфери клубот има профит од 92,8 милиони евра заклучно со јуни.