• Иван Димовски

Фудбалерите на Манчестер Сити експресно поведоа во дербито против Манчестер Јунајтед во финалето на ФА Купот на „Вембли“.
Публиката сè уште не беше сместена како што треба на своите седишта, бидејќи во 12 секунда Сити поведе. По една долга топка од Едерсон, Де Брујне ја сврте на средината до Илкај Гундоган. Германскиот репрезентативец ја дочека на волеј и даде вистински еврогол за 1-0.
Дербито тргна кошмарно за „ѓаволите“ бидејќи во воведниот шок можеа да примат и уште еден погодок. Овој погодок е најбрзиот во историјата на финалињата на ФА Купот.