Сити плати 30 милиони евра за него, а сега тој тренира со клуб од Лига Два

Поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Вилфред Бони, не го оди посакуваниот пат во фудбалската кариера и моментално тренира во клуб од Лига Два и е без актуелен договор со некој тим.

30-годишникот е фотографиран како работи во тимот на Њупорт Кантри. Клубот од Велс е одушевен што го има Бони, а за тоа потврдува и тренерот Мајк Флин, кој истакна дека неговите играчи може да научат многу од човекот кој е роден во Брегот на Слоновата Коска.

Пред само четири години, Бони замина во Манчестер Сити за 30 милиони евра и беше најавуван како големо засилување. Во 2014 година играше за Свонси и со 20 погодока во тимот, беше подобар на листата од играчи како Агуеро, Руни, Стариџ...

По трансферот на „Етихад“, Бони никогаш не го покажа потенцијалот што го покажуваше кај „лебедите“ и беше во сенката на Серхио Агуеро. Последен клуб му беше Ал-Араби од Катар, каде на седум меча даде пет гола.