ВИДЕО: Сити немоќен во градското дерби, Јунајтед го реши „моќниот“ тим на Пеп!

Манчестер Јунајтед зададе удар и во градското дерби со Манчестер Сити на „Етихад“ успеа да слави сигурно (1-2), резултат со кој му направи услуга на лидерот Ливерпул и воедно се впушти во борба за Европа.

  • Извештај од натпреварот:

Избраниците на Оле Гунар Солскјер го изненадија „моќниот“ тим на Пеп Гвардиола. Актуелниот шампион сега е премногу далеку од врвот на кој стои Ливерпул, тим кој петнаесет кола не знае за пораз во англиската елита. На овој меч домашните имаа многу замерки за ВАР, затоа што двапати бараа пенал и двапати не го добија.

Дуелот во Манчестер се отвори во 23. минута, кога Рашфорд погоди од пенал кој претходно го направи Бернардо Силва. Играчот на Сити беше невнимателен и во казнениот простор го сруши Рашфорд, а тој ја презема одговорноста и реализира. Само неколку минути подоцна, пристигна и вториот гол, а автор беше Марсијал кој доби топка од Џејмс и го надмудри Едерсон во 29. минута.

Пред крајот на првиот дел, Сити бараше пенал поради игра со рака на Фред, но не го доби. Потоа, следеа нови протести, во 70 минута кога Стерлинг беше срушен во шеснаесетникот, но повторно немаше најстрога казна. Првиот гол за Сити го даде Отаменди, во 85. минута по изведен корнер, а комплетен кам-бек можеше да направи Марез, но обидот во 87. минута го скроти Де Геа.

Манчестер Сити со овој пораз е на третото место со 32 бода, дури 14 помалку од лидерот Ливерпул, а три помалку од второпласираниот Лестер Сити. Манчестер Јунајтед со двете победи во низа над Тотенхем и Сити направи голем напредок на табелата и сега е петтопласиран.

Во следното коло Манчестер Сити го чека гостување кај Арсенал, додека Јунајтед ќе биде домаќин на Евертон.

Состави

Pep Guardiola

4-3-3

    Ole Gunnar Solskjaer

    4-2-3-1