ВИДЕО: Сити на погонот на Фоден рутински до четвртфинале во ФА Купот

Фудбалерите на Манчестер Сити без многу проблеми ја минаа и втората пречка во ФА Купот на Англија. Шампионот на Англија од гостувањето кај Бристол Сити се враќа со убедлива победа од 0-3 (0-1), доволна за пласман меѓу осумте најдобри во најстарото фудбалско натпреварување на Oстровот.

  • Бристол Сити - Манчестер Сити 0-3: 

Творци на победата на „граѓаните“ беа Фил Фоден со гол во првиот дел, додека во второто полувреме Фоден одново ја погоди домашната мрежа, а конечните 0-3 ги постави Кевин де Брујне во 81. минута. 

Сигурна победа и пласман во четвртфиналето запиша и лондонски Фулам, кој пред својата публика славеше против Лидс Јунајтед со 2-0. Резултатот го отвори Палиња во 21. минута, додека за 2-0 се погрижи младиот Соломон, кој уште еднаш го потврди својот голем потенцијал и го постигна својот четврти погодок на последните четири натпревари на Фулам.

Меѓу осумте најдобри пласман обезбеди и тимот на Брајтон, кој славеше над Стоук (0-1), додека Лестер Сити разочара пред својата публика и со 1-2 загуби од Блекбурн.

Состави

Nigel Pearson

4-4-2

    Пеп Гвардиола

    4-4-2