ВИДЕО: Сити на Пеп слави во снежната пресметка со Вест Хем

Манчестер Сити во тешки услови ја оправда фаворитската улога, дома го победи Вест Хем (2-1) и така се изедначи со Челзи на врвот во англиската Премиер лига.

  • Манчестер Сити - Вест Хем 2-1:

„Граѓаните“ и „чеканите“ се судрија на голем снег во Манчестер, но бодовите остануваат на контото на тимот од „Етихад“. Натпреварот кој требаше да го има епитетот дерби на колото понуди еден гол во првиот дел, а потоа „експлодира“ во финишот.

Уште во 17. минута Манчестер Сити успеа да дојде до предност преку Ријад Марез, меѓутоа судиите со помош на ВАР го поништија голот поради офсајд. Се чекаше на нов погодок до 33. минута, кога по една мешаница во шеснаесетиникот реализира Илкај Гундоган, што на крајот се покажа како гол за победа.

Кога сите чекаа крај, следеше вистинска фудбалска експлозија во која во фокусот на вниманието беа двајца нововлезени играчи. Прво во 90. минута Фернандињо погоди за Манчестер Сити за предност од 2-0, а потоа, две минути подоцна, Бернардо Силва зголеми на 3-0 ама судиите одлучија дека имало офсајд. Вест Хем го затвори мечот со убав погодок на Мануел Ланцини за крај.

  • Лестер Сити - Вотфорд 4-2:

Лестер Сити во голеадата беше подобар од Вотфорд на Клаудио Раниери (4-2). Џејми Варди беше двоен стрелец за „лисиците“, по еднаш погодија Медисон и Лукмен, додека за гостинот во листата на стрелците се запишаа Кинг и Денис.

  • Брентфорд - Евертон 1-0:

Брентфорд на домашен терен минимално го совлада Евертон (1-0). Трите бода на контото на домашниот тим ги донесе Тонеј во 24. минута од пенал.

Натпреварот меѓу Барнли и Тотенхем е одложен поради големи снежни врнежи.

Состави

Пеп Гвардиола

4-3-3

    Дејвид Мојс

    4-2-3-1