Сити на Пеп сака одмазда од „светците“ во ФА Купот

Манчестер Сити има приоритети, тоа се секако Лигата на шампионите и Премиер лигата, но нема сомнеж дека некаде во главите на навивачите, фудбалерите и стручниот штаб се провлекува идејата за тројна круна. „Граѓаните“ и покрај киксот и ремито без голови со Кристал Палас се водечка екипа во англиската елита, во европската А продукција се главни фаворити за трофејот, а додека не продолжат борбите на тие два фронта, ги чека четвртфинале на ФА Купот против Саутемптон.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Саутемптон и Манчестер Сити

Избраниците на Пеп Гвардиола имаат добра причина за одмазда бидејќи губењето на бодови во Премиер лигата започна со ремито со „светците“ во „Сент Мери“. Звучи малку неверојатно, но оваа сезона гигантот од Манчестер не успеа да победи на ниту еден првенствен меч против Саутемптон, бидејќи на почетокот на сезоната на „Етихад“ мрежите мируваа. Сега Сити повторно гостува во Хемшир, на стадионот каде загуби, победи и одигра нерешено на претходните три гостувања. Уште од последното реми со „граѓаните“ на крајот на јануари, „светците“ негуваа серија на непобедливост од седум меча, но истата беше прекината со последователни порази од Астон Вила, Њукасл и Вотфорд.

Квоти за останатите натпревари во ФА Купот

Така, домаќинот е сериозно потресен, а Сити е подготвен да демонстрира моќ откако во понеделникот пропушти неколку одлични шанси против Палас и остана без гол, втор натпревар по ред - претходно одигра 0-0 со Спортинг во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Во последните години, Сити знаеше да „спакува“ пет или шест топки во мрежата на Саутемптон, а „светците“ имаат историја на трагични порази како оној од Лестер од 2019 година со 9-0. Ако Сити се отвори, којзнае... Можеби не е лошо да се обложувате на голови.