Сити купи нов фудбалер, „кам-бек“ на аргентински чувар на мрежата!

Аргентинскиот голман Херонимо Рули се враќа во Манчестер Сити, откако англискиот клуб официјално потврди дека се договорил со управата на Олимпик Марсеј. 

Рули потпиша двегодишен договор, со важност до летото 2028 година. Според британските медиуми, трансферот е вреден околу 1,7 милиони фунти.

За 34-годишниот голман ова ќе биде втор престој на „Етихад“. Рули претходно беше дел од Сити во сезоната 2016/17, но тогаш не запиша настап за првиот тим.

Аргентинецот има осум репрезентативни настапи, а беше дел од составот кој ја освои титулата на Светското првенство во 2022 година, како и на Копа Америка во 2024 година.

Рули ја започна кариерата во Естудијантес, а потоа настапуваш за Реал Сосиедад, Монпелје, Виљареал, Ајакс и Марсеј. Во францускиот клуб пристигна во 2024 година.

Особено успешен период имаше во Виљареал, со кој во сезоната 2020/21 ја освои Лига Европа, откако шпанскиот тим во финалето го совлада Манчестер Јунајтед.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.