Сити ќе добие 17 милиони евра од трансферот на Санчо во Јунајтед!

Доколку навистина завршат преговорите и трансферот на Санчо во Манчестер Јунајтед биде официјализиран, Манчестер Сити ќе заработи уште 17 милиони евра на трансферот на фудбалер, кој никогаш не играл за првиот тим.

Сити веќе заработи осум милиони со продажбата на тогаш анонимен тинејџер во Борусија Дортмунд, а сега дополнително ќе наплати. Санчо постигна 34 гола запиша 43 асистенции за Борусија Дортмунд и заслужено е интересен за сите европски гиганти. Богатите челници од Манчестер, ќе треба да издвојат голема сума и за Борусија Дортмунд и за Манчестер Сити. 

Директорот на „граѓаните“, Чики Бегеристинен додаде и клаузула во договорот со Борусија, според која Сити ќе добие 15% од приходот од следната продажба на Санчо, со стандардната тренинг-компензација на ФИФА за едукација на млади играчи. 

Санчо ќе добива околу 17 милиони евра годишно на „Олд Трафорд“, со што ќе биде меѓу најскапоплатените фудбалери во Англија.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.