Сити ја добива битката со Барселона за потписот на Саул Нигез

Саул Нигез

Екипите на Манчестер Сити и Барселона ги впериле очите во младиот фудбалер на Атлетико Мадрид, Саул Нигез.

24-годишниот шпански репрезентативец важи за еден од најдобрите во својата позиција кој има импресивна физичка подготовка. Токму тоа ги одушеви претставниците на англискиот и шпанскиот гигант кои ќе водат голема битка за неговиот потпис.

Засега, тимот на Пеп Гвардиола ја има предноста пред Каталонците најмногу поради платата која што му ја нуди на Шпанецот. Англискиот првак ќе се раздели со ветеранот Фернандињо, па неговата соодветна замена ја гледа токму во Саул.

Каталонската екипа потпиша со Френки де Јонг што е показател дека членот на „јорганџиите“ не е нивни приоритет. Но, секако дека од него нема да се откажат и ќе понудат висока сума за да го убедат да се пресели на „Камп Ноу“.

За да го добијат младиот играч за врска, Сити и Барселона ќе мора да одвојат 150 милиони евра, колку што гласи откупната клаузула поставена во неговиот договор со Атлетико.