• Саше Љолес
Манчестер Сити и управата на „граѓаните“ добија една од многуте битки против раководството на најсилната фудбалска лига во Европа. Независниот „панел“ одреди дека Премиер лигата бесправно го спречила клубот да потише два големи спонзорски договори, што довело до финансиска загуба.
Членовите на комисијата сметаат дека Премиер лигата нема право да се меша во директните спонзорски договори на клубовите, оценувајќи го потегот како „несоодветен“. Сити вложи жалба на обвинението и оспоруваше повеќе од 25 прописи од правилникот на Премиер лигата.
Парницата отиде во корист на „граѓаните“, но уште не е познато дали клубот ќе бара отштета од раководството на елитниот англиски фудбал. Манчестер Сити има уште неколку обвиненија за нарушување на финасискиот „фер-плеј“, процеси со кои ќе мора да соочи во блиска иднина.