Сити и Тотенхем ќе си „здосадат“, ќе играат трипати во 11 дена

Ждрепката во Лигата на шампионите посака во четвртфиналето да ги спои Манчестер Сити и Тотенхем, англиските премиерлигаши кои ќе си здосадат еден на друг, затоа што во краток временски интервал играат три натпревари.

Двата тима се наоѓаат меѓу најдобрите во Премиер лигата и добро се познаваат. Во претстојниот период, Сити и Тотенхем ќе одиграат три натпревари, во само 11 дена.

На 9 април, Тотенхем ќе го пречека Манчестер Сити во рамки на Лигата на шампионите, додека реваншот е закажан на 17 април. Само три дена подоцна, односно 20 април, ќе се игра нивниот дерби-дуел во англиската Премиер лига.

Сити е актуелен првак во англискиот шампионат, додека Тотенхем го тресе мала криза и се бори за едно од местата кои водат во Лигата на шампионите наредната сезона.