Сити и Ливерпул на почетокот на август ја отвораат новата англиска сезона

Само што заврши сезоната во англискиот фудбал, а Манчестер Сити ги освои сите четири трофеи. Иако официјално не е познат датумот, веројатно на почетокот од август со Комјунити шилд (Суперкуп на Англија) ќе биде отворена новата сезона.

Како и минатото лето, екипата на Пеп Гвардиола ќе ја брани титулата, но наместо Челзи, сега за противник ќе го имаат Ливерпул. Според англиските правила, доколку една иста екипа ја освои Премиер лигата и ФА Купот, тогаш вицешампионот ќе го предизвика шампионот за титулата од Суперкупот.

Веројатно овој дуел ќе се игра на 3 или 4 август на „Вембли“, а ако стане европски првак, Ливерпул истиот месец, на 14 август ќе го одигра и Суперкупот на Европа на „Водафон Арена“ во Истанбул.