Сити и Јунајтед потрошиле 765 милиони евра само за одбрана во последните пет години

Сити Јунајтед

Англиските гиганти Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед се фокусираа на зацврстување на одбраната во изминатите пет години.

Доаѓањето на Рафаел Варан на „Олд Трафорд“ носи зголемување на астрономската сума која овие два премиерлигашит ја потрошиле само на дефанзивци.

Големите градски ривали останаа без 765 милиони евра на засилувања како Џон Стоунс, Хари Мегвајер, Рубен Диаз, Рафаел Варан, Кајл Вокер, Арон Ван-Бисака... Откупната сума на дефанзивните играчи, кои постојано се во сенка на офанзивните ѕвезди, се зголемува од сезона во сезона. И натаму разликата меѓу нив е голема, но таа се намалува како што одминуваат годините.

Нова битка за титулата меѓу тимовите од Манчестер ќе започне на 13 август, кога официјално ќе започне претстојната сезона во англиската елита.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.