Сити и Челзи доминираат во идеалниот тим во ЛШ за сезоната 2020/21

Челзи

Победата на Челзи означи крај на уште една сезона во Лигата на шампионите. Лондонскиот клуб ја освои титулата, Ерлинг Халанд беше најдобар стрелец, а познат е и најдобриот тим во изминатата сезона 2020/21.

УЕФА ги откри имињата на фудбалерите кои се истакнаа во изминатите девет месеци. Меѓу нив очекувано најмногу има од двата финалисти, но изненадува изоставувањето на Канте.

ГОЛМАН: Менди
ОДБРАНА: Вокер, Диас, Рудигер, Аспиликуета
СРЕДЕН РЕД: Гундоган, Фоден, Жоргињо
НАПАД: Салах, Халанд, Мбапе

По долго време меѓу најдобрите нема место за Лионел Меси и Кристијано Роналдо.