ВИДЕО: Сити го торпедираше Лутон и привремено изби на врвот во ПЛ

Манчестер Сити без никакви проблеми го совлада Лутон Таун со 5-1 (1-0) во натпреварот од 33. коло на англиската Премиер лига. „Граѓаните“ имаа доминација на теренот и сосема заслужено впишаа нови три бода со кои барем привремено го преземаат врвот во елитното друштво. 

  • Манчестер Сити - Лутон Таун 5-1:

Мечот започна ужасно за гостите кои си постигнаа авто-гол уште во втората минута, а трагичар беше Јапонецот Даики Хашиока. Сити се обидуваше да го зголеми водството до крајот на првото полувреме, но на паузата останаа минималните 1-0. 

Второто полувреме очекувано донесе нов силен налет на актуелниот шампион. Сити притисна силно, создаде неколку убави шанси, а најконкретните ги искористија Матео Ковачиќ и Ерлинг Халанд. Хрватот стрелаше за 2-0 во 64. минута, додека норвешката ѕвезда реализираше пенал дванаесет минути подоцна. 

Лутон комплетно го „положи оружјето“ и делуваше помалку загубено во последните десетина минути, тоа го искористи Белгиецот Џереми Доку со голот во 87. минута, а конечните 5-1 беа дело на Јошко Гвардиол, кој биеше прецизно во 93. минута. Манчестер Сити сега има 73 бода, но Ливерпул и Арсенал имаат натпревар помалку. 

На останатите натпревари во истиот термин, Брентфорд извојува триумф над Шефилд Јунајтед и славеше со 2-0, Барнли и Брајтон ги поделија бодовите во ремито со конечни 1-1, а по еден бод добија и Нотингем Форест и Вулверхемптон, кои го комплетираа нивниот дуел со резултат 2-2. 

  • Брентфорд - Шефилд Јунајтед 2-0:

  • Барнли - Брајтон 1-1:

Попладнево се игра дуелот меѓу Борнмут и Манчестер Јунајтед.

Состави

Пеп Гвардиола

3-5-2

    Rob Edwards

    4-3-3