• Горан Упале
Манчестер Сити е освојувач на ФА Купот за сезоната, откако во финалето на „Вембли“ славеше минимална победа од 1-0 (0-0) против Челзи. Херој на „граѓаните“ беше Антоан Семењо, кој во 71. минута го постигна единствениот погодок на натпреварот.
- Извештај од натпреварот:
Финалето донесе голема тактичка битка и многу возбудувања, а првата посериозна закана ја имаше Манчестер Сити преку Ерлинг Халанд, кој дури успеа и да ја затресе мрежата, но погодокот беше поништен поради офсајд.
Челзи имаше свои моменти, особено во второто полувреме. Жоао Педро и Кол Палмер создадоа неколку опасни ситуации, а „сините“ бараа и пенал во еден момент, но судијата Дарен Ингланд не покажа на белата точка. Клучниот момент се случи во 71. минута кога Халанд и Бернардо Силва одлично комбинираа, а Семењо со ефектен удар од непосредна близина ја испрати топката во мрежата за водство од 1-0.
Во финишот Челзи тргна на сè или ништо, но одбраната на тимот на Пеп Гвардиола остана цврста и организирана. Манчестер Сити така стигна до нов трофеј во домашните натпреварувања и ја потврди доминацијата во англискиот фудбал.




