Сити го „одврза ќесето“ и потпиша со млад узбекистански дефанзивец од Ленс

Манчестер Сити го „завери“ првиот трансфер во текот на зимскиот преоден рок. Новинарот Фабрицио Романо објави дека „граѓаните“ платиле 50 милиони евра за младиот Узбекистанец Абдукодир Хусанов, кој ќе пристигне од редовите на францускиот Ленс. 

Младиот Хусанов импресионираше со своите игри во Лига 1, а во Манчестер доаѓа на инсистирање на тренерот Пеп Гвардиола, кој го посочил како приоритетен трансфер зимава. 

Узбекистанскиот репрезентативец за многу краток прерасна во одличен фудбалер, најпрво настапуваше за белорускиот Енергетик, па преку вториот тим на Ленс се избори за место во првиот состав, за кој сезонава одигра шеснаесет натпревари во сите конкуренции. 

Хусанов е централен дефанзивец кој ја покрива стоперската позиција, а по потреба може да биде „прекомандуван“ како десен бек. Неговата промоција во дресот на Сити се очекува најдоцна до крајот на оваа недела. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.