• Саше Љолес
Екипата на Манчестер Сити извојува важна победа кај Кристал Палас со 0-3 (0-1) во натпреварот од 16. премиерлигашко коло и повторно се врати на само два бода негатива во однос на водечкиот Арсенал.
- Кристал Палас - Манчестер Сити 0-3:
Избраниците на Пеп Гвардиола беа далеку поквалитетен ривал, а триумфот го донесоа Ерлинг Халанд и Фил Фоден. Норвежанецот стрелаше по еднаш во двете полувремиња, а воедно ги постави и конечните 0-3 во 88. минута, кога прецизно изведе удар од белата точка. Палас не беше наивен противник, трипати ги погоди рамките на голот, но не успеа да дојде ниту до почесен погодок.
Манчестер Сити сега има 34 бодови, а во следното коло ќе го пречека Вест Хем на домашен терен, додека Кристал Палас ќе гостува кај екипата на Лидс Јунајтед.
- Вест Хем - Астон Вила 2-3:
Астон Вила се избори за пресврт-победа на гостувањето кај Вест Хем и славеше со 2-3 (1-2). Домаќините имаа водство по првите 45 минути со головите на Матеуш Фернандеш и Џарод Боувен, а гостите го обезбедија триумфот со два гола на Морган Роџерс и еден автогол на Константинос Мавропанос.
- Нотингем Форест - Тотенхем 3-0:
Нотингем Форест извојува многу важна победа над Тотенхем и славеше со убедливи 3-0, а Сандерленд го надигра Њукасл Јунајтед со минимални 1-0. Трите бода во јоркширското дерби на двата клуба кои најмногу се мразат во Англија останаа во Сандерленд по авторолот на Ник Волтамаде во првата минута од вториот дел.
- Сандерленд - Њукасл 1-0:
Попладнево се игра натпреварот меѓу Брентфорд и Лидс Јунајтед.






