• Иван Димовски

Манчестер Сити ја продолжува својата доминација и за првпат во историјата стана светски првак! „Граѓаните“ на Пеп Гвардиола рутински и убедливо го совладаа бразилски Флуминенсе во финалето со 4-0 (2-0), оставајќи ја публиката на „Кинг Абдула“ во Џеда без неизвесност.
- Извештај од натпреварот:
На самиот старт од средбата Хулијан Алварез влезе во историјата на Светското клупско првенство, постигнувајќи го најбрзиот гол. Аргентинецот одлично ја следеше акцијата, па по ударот на Натан Аке кој се одби од стативата, на петерецот ја сочека топката и ја смести во мрежата за рана предност (0-1). Подобрата игра „граѓаните“ ја крунисаа и со втор погодок веќе во 27. минута, откако Фил Фоден го натера Нино на автогол во обид да спречи удар.
Сити не запре тука, продолжи да го притиска ривалот и беше подобар тим на теренот. Се закануваа Џек Грилиш, Бернардо Силва и Фоден, ама Флуминенсе успеваше да се одбрани. На вториот погодок се чекаше до 72. минута, а тогаш Фоден успеа да се запише меѓу стрелците (3-0). Момците на Пеп доминираа, не дозволија шанси пред својот гол и во финишот Хулиан Алварез само ја потврди победата.
Со оваа победа Манчестер Сити ги обедини трофеите во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство. Покрај тоа, „граѓаните“ ги бранат и титулите во Премиер лигата и ФА Купот.