Сити ги посочи ПСЖ, Реал и Баерн како главни виновници за жестоката санкција

Сити Гвардиола

Англиските медиуми пренесуваат дека блиски извори до Манечстер Сити откриваат тешки обвиненија од страна на клубот до неколку европски гиганти.

Сопствениците на премиеглиашот веруваат дека санкцијата од УЕФА не е случајна и дека во целата ситуација е вмешана политика. Според „граѓаните“ неколку екипи сакаат да ги „елиминираат“ поради големата конкуренција во последните неколку сезони.

Први на удар се Реал Мадрид, Баерн Минхен и ПСЖ. Овие фудбалски гиганти според Сити најмногу влијаеле на одлуката на УЕФА да им забрани настап во Лигата на шампионите во наредните две сезони.

Секако тука не ги забораваат конкурентите од Премиер лигата, кои исто така ќе имаат профит од нивната евентуална драконска казна.

Навивачите се покрај клубот и сметаат дека фудбалската „аристократија“ на Европа сака да го спречи клубот од Манчестер да завладее со континентот.