ВИДЕО: Сити двапати водеше, ама ремизира против Брајтон

Фудбалерите на Манчестер Сити одиграа нерешени 2-2 против Брајтон на својот „Итихад“ во 29. коло на Премиер лигата. Избраниците на Пеп Гвардиола двапати водеа во натпреварот, ама „гулабите“ успеаја да избегнат пораз на теренот на шампионот кој има турбулентна сезона. 

  • Манчестер Сити - Нотингем Форест 2-2:

Резултатот го отвори Ерлинг Халанд кој во 11. минута реализира пенал. Тоа беше 84. погодок на Норвежанецот во дресот на Сити, а има уште 16 асистенции. Така Халанд стана прв играч кој стигнал до бројка од сто голови и асистенции во помалку од сто натпревари (му беа потребни 94). 

Десет минути траеше радоста на домашните, а потоа Еступинан израмни на 1-1. Сепак, со погодокот на Омар Мармуш „граѓаните“ пред паузата ја вратија позитивата. На стартот на продолжението автогол си даде Хусанов поставувајќи ги конечните 2-2. 

Нотингем Форест забележа шеснаесетта сезонска победа на гостувањето кај Ипсвич од 2-4. Во финишот на првиот дел набрзина „шумарите“ преку Никола Миленковиќ и Ентони Еланга кој беше двоен стрелец стигнаа до 0-3. Немаше голови на „Портман Роуд“ до пред крајот. Тогаш за домашните погоди Кајуст, па Жота Силва стрела за Нотингем и конечните 2-4 ги постави Хирст.

  • Ипсвич Таун - Нотингем Форест 2-4:

На останатите терени Вулверхемптон слави кај Саутемптон (1-2), а Евертон и Вест Хем одиграа нерешено (1-1).