• Иван Димовски
Атлетико Мадрид е близу до целосен договор за трансферот на Хулиан Алварез од редовите на Манчестер Сити.
Како „бомба“ одекјаа изјавите неодамна на Алварез дека му недостигаат натпревари, а и одговорот на Гвардиола дека секој има право на избор. Тоа знаеше како да го искористи Атлетико и испрати понуда која не се одбива до Сити. „Граѓаните“ прифатија понуда од 75 милиони евра, плус вртоглави 20 низ разни бонуси, а сега е на Атлетико да го убеди фудбалерот.
Самиот Алварез делува дека нема против трансферот. Атлетико Мадрид му нуди петгодишна соработка, но за непозната плата. Преговорите меѓу челниците на шпанскиот клуб и претставниците на Алварез се во тек.
Манчестер Сити даде „зелено светло“, па останува уште договор меѓу играчот и Атлетико за комплетирање на трансферот.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.