• Горан Упале

Екипата на Манчестер Сити одново одигра рутински реванш-натпревар против Спортинг во Лигата на шампионите и ја оправда улогата на фаворит во двомечот со португалскиот шампион, за пласман меѓу најдобрите осум во Лигата на шампионите (0-0).
- Извештај од натпреварот:
Манчестер Сити на „Итихад“ бранеше убедлива победа од 0-5, извојувана на гостувањето во Лисабон, па затоа Пеп Гвардиола се реши на терен да истрча со комбиниран состав и без неколку стандардни првотимци.
„Граѓаните“ без ралика на „шареноликиот“ состав уште од самиот старт имаа теренска иницијатива и го притиснаа ривалот во својот казнен простор, но тоа не донесе резултат во првиот дел, кога во прашање се головите. Првата посериозна шанса на натпреварот ја имаше Фил Фоден во 23. минута кога биеше прецизно, но Адан успешно интервенираше. Пред самиот крај на полувремето, гостинскиот голман одново беше во центарот на вниманието, откако остана концентриран и не дозволи Стерлинг со лоб удар да го отвори резултатот.
На полувреме мрежите мируваа во Манчестер, а на стартот на вториот дел Жезус го најде патот до мрежата на португалскиот тим, ама ВАР не го призна неговиот погодок, поради офсајд ситуација. Пред самиот финиш се закани и Марез, додека на спротивната страна Паулињо имаше голема шанса за гостинска радост, но наместо да погоди, го повреди Карсон и искусниот голман на Сити мораше предвреме да го заврши натпреварот.
Покрај Сити, вечерва пласман во четвртфиналето обезбеди и Реал Мадрид, кој со трите гола на Бензема го совлада ПСЖ со 3-1.