Сити атакува на тројната круна против Вотфорд на „Вембли“

Сити Вотфорд

Старо-новиот англиски првак Манчестер Сити има голема шанса да стигне до три титули во една сезона првпат во својата историја.

За тоа да се случи ќе мора да го победи Вотфорд во финалето на ФА Купот на „Вембли“. Тимот на Хави Грасиа игра одлични две сезони во кои сруши неколку свои рекорди. Сега ќе мора да прави чудо против „граѓаните“ на Пеп Гвардиола кои важат за големи фаворити за трофејот.

Новитет кај Сити ќе биде Кевин Де Брујне кој се надева дека ќе добие шанса од првата минута. На спротивната страна најголема закана ќе биде Шпанецот Жерар Делофеу кој е најдобар стрелец во екипата во тековната сезона.

Фернандињо ќе се врати во ростерот за да помогне во големото финале, а противникот ќе има големо засилување во одбраната бидејќи Хозе Холебас се враќа во конкуренција.

Рахим Стерлинг одигра важна улога во последниот меѓусебен судир и постигна три гола во вториот дел за убедлива победа од 3-1 за англискиот шампион.

Обложувалниците очекувано ја префрлија фаворитската улога кај тимот од Манчестер кој истата ќе мора да ја оправда доколку сака победнички да ја заокружи успешната сезона.