Сите зборуваат за спорниот гол на Сити: Дали судијата направи превид на „Итихад“? (ВИДЕО)

Родри

Манчестер Сити победи против Астон Вила со два гола во завршницата од мечот на „Итихад“.

Меѓутоа водечкиот погодок е она за што има големи реакции во Англија. Шпанецот Родри беше на неколку метри од голманот Мартинез, кој ја исфрли топката до центарот на теренот. Топката веднаш беше вратена до централниот дефанзивец на гостите Мигс. Притисок пристигна од домашниот играч за врска, кој се враќаше од офсајд позиција.

Родри му ја одзеде топката, а во продолжението Силва постигна погодок за водство. На социјалните започна бурна расправа околу тоа дали голот на Сити е регуларен или не.

Прашањето е дали домашниот фудбалер на недозволен начин ја искористи својата позиција и обезбеди убава прилика за својот тим.