Сите зборуваат за Модриќ и Ракитиќ, но Брозовиќ истрча над 16 км. против Англија!

Брозовиќ насловна слика

Фудбалската јавност цели 24 часа зборува за подвигот на Хрватска и пласманот на избраниците на Златко Далиќ во големото финале на Светското првенство во Русија.

20. репрезентација во светот ја елиминира Англија на патот до завршниот натпревар, каде за светската титула ќе се бори со Франција. И нормално, првите ѕвезди на селекцијата, Лука Модриќ и Иван Ракитиќ како и стрелецот на победничкиот погодок, Марио Манџукиќ, добија лавина на комплименти на своја сметка.

Но кога ќе се погледне статистиката, не би било лошо да се спомне името на Марсело Брозовиќ, кој ја врати довербата кај својот селектор и ги одигра сите минути. Притоа, фудбалерот на Интер истрча вкупно 16,339 метри од кои 6,553 со посед на топката. Тој беше одличен во своите дефанзивни задачи, спречувајќи ги сите напади кои доаѓаа од централниот дел од теренот.

Најблиску до неговата километража беа Ракитиќ и Перишиќ, кои ја надминаа границата од 14 километри.