Сите заминуваат од Прилеп, Александар Ристевски ја напушти Победа

Испаѓањето од ПМФЛ за прилепска Победа беше голем удар и клубот уште не знае како и со кои фудбалери ќе се натпреварува во ВМФЛ-Исток. Младите таленти на прилепскиот фудбал Спиркоски и Трајкоски си заминаа во Македонија Ѓорче Петров, а клубот под Марковите кули го напушти и Александар Ристевски.

Дефанзивецот по вторпат ја напушта Победа и наскоро ќе ја објави својата иднина. Интерес има од неколку македонски клубови, како и комбинации за трансфер во Грција и Албанија.

Прилепчани се соочуваат со голем предизвик одново да изградат екипа која ќе се бори за врвот во второлигашката категорија.

Победа во две години од Третата се искачи во Првата лига, две сезони се стабилизира и кога се чинеше дека ќе го направи потребниот исчекор и ќе се бори за Европа, проектот потона и новиот почеток нема да биде лесен.