• Горан Упале

Екипата на Борец е на еден чекор до враќање во Втората македонска фудбалска лига. Велешкиот тим имаше одлична сезона во третолигашкото друштво, но за пласман еден ранг погоре потребен му е триумф во баражот против Велазерими.
Овој натпревар се игра в сабота во Битола, а по тој повод најверните фанови - „Гемиџии“ најавија мобилизација и голема поддршка за своите миленици.
„Ајде велешани, дојдете да помогнете, да бидете дванаесетти играч на клубот. Биди и ти дел од навивачкиот караван, биди дел од заедничкиот успех на Борец и Велес!
Автобусите тргнуваат во 13:00 часот од паркингот кај Гимназија. Сите во Битола“, стои во објавата на клубот.
Покрај Борец и Велазерими, бараж за Втора лига ќе играат уште Победа – Куманово и Кораб – Вардарски.