Сите си поднесоа оставки поради Рубиалес, само селекторот Хорхе Вилда не!

Стручниот штаб на женската фудбалска репрезентација на Шпанија, поточно речиси сите нивни членови си поднесоа оставка. Причина секако е скандалот во кој во центарот се најде претседателот на федерацијата Луис Рубиалес откако бакна еден од фудбалерките по освојувањето на Светското првенство.

На овој потег се решија помошниците Монсе Томе, Хавиер Лерга и Езгенио Гонзало Мартин, физиотерапевтот Бланка Ромеро и тренерот на голманите Карлос Санчез. Сепак, на списокот го немаше името на селекторот Хорхе Вилда.

„Тој ѝ понуди на јавноста приказна која не е во склад со реалноста или со тоа како се чувствува Џени. Таа експлицитно кажа дека во тоа време се чувствувала како жртва на агресија. Со оглед на неприфатливото однесување и ставови на претседателот, донесовме одлука да си поднесеме оставки“, се наведува во заедничкото соопштение.

Интересно е и тоа што селекторот Вилда го немаше меѓу потписниците, а и тој се најде во незгодна ситуација откако се појави снимка како допира една од фудбалерките во пределот на градите.