• Горан Упале
Екипите на Лвoв и Зорја одиграа досадно реми без голови во украинскиот шампионат, но еден потег на бразилскиот офанзивец Педро Фереира го одбележа овој меч.
Кон крајот на првиот дел главниот судија се реши да му додели директен црвен картон на Педро, и сите ги остави во неверица со овој потег. Но, по долгото пребарување режисерот на овој меч ја пронајде причината за црвениот картон, а таа беше неспортскиот потег на Бразилецот кој покажа среден прст кон својот противник.
- Бизарниот црвен картон на Педро против Зорја: