Сите посрамотени заминаа в соблекувална, само Донарума плачеше како мало дете

Милан го допре дното по вчерашниот пораз во Бергамо со 5-0. На прсти од една рака се бројат поразите од овој тип, порази кои се сметаат за дебакл. Пиоли е на голем удар од јавност, но уште повеќе Малдини и Бобан кои го конструираа овој тим, недостоен за името на седумкратниот европски првак.

По вчерашниот пораз само еден професионалец низ солзи го напушти стадионот „Атлети Азури Д Италија“. Младиот голман, како еден од ретките продукти на академијата го тешеа членови на стручниот штаб, додека останатите фудбалери посрамотени си заминаа во соблекувалната.

Милан како десеттопласиран ќе ја дочека новата година и ако продолжи вака и во 2020 година, многу веројатно по вторпат сезонава ќе го смени тренерот.