• Иван Димовски

Пандемијата од вирусот ковид-19 го замрзна спортот речиси во целиот свет, а една од ретките земји каде се игра фудбал е Белорусија.
Денес се одигра средбата од Премиер лигата, каде екипата на Ислоч Минск славеше минимално дома над Смолевичи со 1-0, пред малубројната публика на стадионот „Динамо“. Голот за победа го постигна Јансане во десеттата минута, но во 25. Иван Верас промаши празен гол откако го мина голманот на Ислоч.
- Видео од промашувањето:
Во Белорусија и покрај опасноста од ширење на смртоносниот вирус, фудбалот се игра редовно и со присуство на публика, но таа е во помал број. По две кола на лидерската позиција е Минск, а два триумфи имаат и Енергетик, Зходино и Ислоч.