• Мартин Танасковски
По комплетирањето на денешните натпревари од 1/16-финалето од Купот на Македонија, познати се 12 екипи кои ќе играат за место во четвртфиналето во најмасовното македонско клупско натпреварување.
Најголемото изненадување е Шкендија од Арачиново, која како третолигаш обезбеди место меѓу 16-те најдобри. Од Втората лига, во оваа фаза патуваат Арсими, Брегалница и Детонит, додека сите прволигаши освен Работнички си ја завршија задачата - тоа се Пелистер, Вардар, Шкупи, Брера, Шкендија, Беса, Силекс и Струга ТЉ.
Последните патници во осминафиналната фаза ќе бидат познати на 2 октомври кога се закажани натпреварите Беласица - Македонија ЃП, Победа - Гостивар и Башкими - Воска Спорт.
Актуелниот бранител на трофејот во Купот на Македонија, екипата на Тиквеш, ќе започне директно од осминафиналето.