ВИДЕО: Сите мислеа дека повторно глуми, но Антони се здоби со страшна повреда

Екипата на Манчестер Јунајтед по првите 45 минути има сигурно водство од 2-0 против Челзи во заостанатиот натпревар од 32. коло во Премиер лигата.

Сè одеше одлично за домашните. Касемиро постигна гол во шестата минута, но во 24. минута целиот стадион замолкна, а причина беше домашниот фудбалер Антони. Имено, по еден старт, Бразилецот остана да лежи и веднаш побарал лекарска помош, бидејќи веднаш почувствува дека се работи за тешка повреда. Иако сите мислеа дека повторно глуми, затоа што е познат по тоа, овој пат Антони заработи страшна повреда и веднаш беше изнесен од теренот на носилки.

Неговото место на теренот го зазеде Маркус Рашфорд. До крајот на првиот дел Јунајтед постигна уште едне гол, а стрелец беше Антони Марсијал

Состави

Ерик тен Хаг

4-2-3-1

    Френк Лампард

    4-3-3