Сите играчи од У21 тимот ќе добијат шанса на пријателските мечеви

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ќе одигра две пријателски средби со Ерменија и Малта во Скопје, а селекторот Драган Канатларовски ќе им даде шанса на сите повикани играчи да играат.

Во составот има 20 фудбалери и четири голмани. А, тоа го потврди селекторот во изјава, во која кажа дека на првиот натпревар против Ерменија ќе играат два различни тима во двете полувремиња. Тоа значи дека ќе се почне со еден тим, а ќе се заврши со целосно друг тим.

На натпреварот против Малта, картите ќе се „измешаат“, на терен ќе имаме шарен тим од стартот, а слична се очекува да биде ситуацијата и во второто полувреме кога сите играчи според најавите ќе бидат променети. Причината е ситуацијата во која се наоѓа тимот и недоволната спремност на играчите.

Натпреварот меѓу Македонија У21 и Ерменија У21 е во четврток од 17:00 часот, додека мечот со Малта У21 е закажан на 20 јуни.