ВИДЕО: Сите голови на Македонија – Алиоски го започна, Пандев го потврди историскиот успех

Македонската авантура на Европското првенство ќе започне со дуелот в недела против репрезентацијата на Австрија.

Лигата на нации ни овозможи за првпат во нашата историја да играме на едно големо натпреварување. Одлучувачки беше дуелот против Грузија во Тбилиси, каде клучна улога одигра Горан Пандев, постигнувајќи го единствениот гол вреден голем успех.

УЕФА направи компилација од сите голови на нашата репрезентација во квалификацискиот циклус. Сè започна со реализацијата на Езџан Алиоски против Летонија на домашен терен, а заврши со херојството на македонскиот капитен.

Покрај популарните Џани и Гранде Пандев, во листата на стрелци се запишаа уште Ељиф Елмас, Енис Барди, Аријан Адеми, Влатко Стојановски, Бобан Николов и Дарко Велковски.

Сите голови на Македонија на патот до Еп 2020 може да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК.