Малиот Ситард на нозе: Најголемата турска ѕвезда дојде во градот

Турскиот напаѓач Бурак Јилмаз направи изненадувачки трансфер и кариерата ќе ја продолжи во Холандија каде ќе го носи дресот на Фортуна Ситард.

36-годишниот голгетер е најголемото име кое некогаш пристигнало во овој клуб. Славниот Јилмаз потпиша договор на дури пет години со клубот од малиот град со околу 30.000 жители, а доаѓа од Лил со кого му истече договорот.

План е Јилмаз да игра уште две години, а потоа да се насочи кон тренерскиот занает. Врската меѓу играчот и раководството на Фортуна е сопственикот на клубот Озгур Иситан Ган кој е од Турција.

Јилмаз минатата година беше првак на Франција со Лил, а има настапи за Трабзон, Бешикташ, Галатасарај со преку 300 постигнати гола во кариерата. Навивачите се во шок од трансферот на Јилмаз, затоа што малата Фортуна никогаш немала вакво звучно име.