• Горан Упале

Синовите на Немања Матиќ и Кристијано Роналдо одлично ја ископираа акцијата на нивните татковци од натпреварот против Челзи (1-1) кој се одигра во четвртокот.
Филип Матиќ одигра лоб-додавање над одбраната, а неговиот врсник, 11-годишниот Кристијано Роналдо Јуниор убаво ја прими топката и потоа ја закова во мрежата. Видеото веднаш стана вирално на интернет и доби голем број позитивни коментари од обожавателите.
Филип Матиќ и Роналдо Јуниор играат заедно на Академијата на Манчестер Јунајтед, каде што посетуваат и училиште. Со нив е и Каи Руни, синот на легендарниот Вејн Руни.