• Саше Љолес
Синот на славниот бразилски фудбалер, Робињо, дебитираше за екипата на Сантос во пријателски натпревар против нисколигашот Деспортиво Феровијариер.
17-годишниот Робсон Жуниор втрча на теренот во второто полувреме, каде беше „пречекан“ од капитенот Нејмар, а Сантос на крајот победи со конечни 3-1.
: Neymar plays for Brazil with Robinho.
: Neymar plays for Santos with Robson Jr, Robinho's son. pic.twitter.com/qes3PJl4vG
— e (@XekiHlongwane) June 30, 2025
Младиот Робсон асистираше за третиот и последен погодок на мечот, па затоа беше поздравен со аплаузи од навивачите. Го носи дресот со бројот седум, исто како и неговиот татко, кој ја започна кариерата токму во овој славен бразилски клуб.
Фудбалските експерти во Бразил му предвидуваат добра кариера и велат дека поседува одлична техника, надополнета со голема брзина и одличен шут.
ФОТО/PHOTO: Santos FC


