• Горан Упале

Кристијано Роналдо Јуниор, синот на легендарниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо, продолжува да чекори по стапките на својот славен татко. Младиот напаѓач се најде на списокот на селекторот Филипе Рамос за претстојните квалификациски натпревари на репрезентацијата на Португалија до 17 години за пласман на Европското првенство.
Роналдо Јуниор, кој во јуни ќе наполни 17 години, ќе биде дел од португалската селекција за натпреварите против Андора (11 ноември), Бугарија (14 ноември) и Србија (17 ноември).
Сите три натпревари ќе се одиграат во рамките на мини-турнир во спортскиот комплекс „Сидаде до Футебол“ во Оеираш, предградие на Лисабон. Младиот Роналдо моментално настапува за младинските категории на Ал-Наср, а веќе има искуство и во националниот дрес. Досега одиграл вкупно 13 натпревари за селекциите на Португалија до 15 и до 16 години, на кои постигнал пет гола.
Останува да се види дали Роналдо Јуниор ќе успее да го продолжи својот развој и еден ден да заигра за сениорската репрезентација, во која неговиот татко испиша незаборавна фудбалска историја.
