Синот на Роналдињо тргнува по стапките на татко му, наскоро се сели во Европа

Бразилецот Роналдињо беше еден од најдобрите фудбалери во светот и сите им се одушевуваа на неговите потези во клубовите каде што настапуваше низ европскиот континент како ПСЖ, Барселона, Милан.

Наскоро на европските терени би можеле да го видиме и неговиот син Жоао Мореира. Овој 13-годишник очигледно има наследено голем дел од талентот на неговиот татко и бразилските медиуми тврдат дека наскоро ќе се пресели во некој европски клуб.

Интерес за неговите услуги покажа ПСЖ, тим во кој неговиот татко ја започна европската авантура, а понудата стигнала откако Мореира ги импресионал на турнир за млади категории во Париз.

Мореира започнал да тренира фудбал во Васко дa Гама, а моментално тренира во една фудбалска академија во Бразилија.