Синот на Патрик Клајверт со уникатен учинок, во оваа категорија е само уште Јоветиќ!

Напаѓачот на Борнмут, Џастин Клајверт, стана само вториот играч кој во овој век успеал да постигне гол во сите пет најдобри лиги во Европа. Синот на славниот Патрик Клајверт го постигна првиот погодок во дресот на англискиот премиерлигаш и на тој начин стигна до учинокот кој досега го имаше во своето резиме само Црногорецот Стеван Јоветиќ. 

Клајверт во својата кариера досега настапуваше за Ајакс, Ница, Валенсија, РБ Лајпциг и Рома, а летово премина во Борнмут и за првпат доби можност да заигра во најсилната европска лига во моментов. 

Офанзивецот не се прослави премногу во клубовите каде настапуваше, а најдобар учинок имаше во сезоната 2017/18, кога во дресот на Ајакс постигна дванаесет голови. За разлика од него, само за споредба, неговиот татко имаше далеку пославна кариера, „зачинета“ со 246 голови во сите конкуренции, но и 24-годишниот Патрик сепак успеа да забележи еден уникатен рекорд, кој го вметнува меѓу ретките играчи со таков успех.

Пред него се уште многу сезони активен фудбал, па можеби во иднина малку ќе го подобри својот голгетерски учинок.