Синот на легендарниот Џорџ Веа од ПСЖ се сели во Селтик

Тимоти Веа, син на славниот Џорџ Веа, заминува од тимот на ПСЖ и својата кариера ќе ја продолжи во шкотскиот Селтик, а од официјална промоција го дели уште потпис со славниот клуб од Шкотска.

Раководните луѓе на шкотскиот гигант во младиот Веа гледаат замена за Муса Дембеле, кој во летниот преоден рок замина во тимот на Лион. За услугите на Веа биле заинтересирани и неколку тима од Премиер лигата, но клучен фактор одиграл Коло Туре, кој го убедил 18-годишниот напаѓач да се пресели во Глазгов.

Веа во 2017 година од САД се пресели во тимот на ПСЖ, каде најнапред беше дел од младинските категории, а првиот тим на „светците“ запиша пет настапи, на кои постигна еден погодок. За репрезентацијата на САД собра осум настапи на кои постигна еден погодок.