• Саше Љолес
Синот на славниот Карло Анчелоти, Давиде, повеќе не е тренер на бразилскиот клуб Ботафого, откако одлучи да не ја продолжи соработката со клубот по завршувањето на разговорите со раководството. Иако имаше важечки договор до 2026 година, двете страни не успеаја да постигнат согласност за иднината.
Според информациите, одлуката е донесена поради несогласувања околу условите за работа и составот на стручниот штаб. Анчелоти инсистирал целиот негов тим да остане, но клубот не бил подготвен да ги прифати тие барања. По неговото заминување, Ботафого се раздели и со неговите најблиски соработници.
Ова беше прва самостојна тренерска авантура за Давиде Анчелоти, кој претходно со години работеше како асистент на својот татко Карло Анчелоти во неколку европски гиганти. Во текот на сезоната, Ботафого настапуваше променливо и ја заврши кампањата со настапи во домашното првенство и континенталните натпреварувања.
Заминувањето на Анчелоти отвора ново поглавје и за двете страни - клубот ќе бара ново тренерско решение, додека младиот стратег ќе ја разгледува следната можност во својата кариера.
Медиумите во Англија и Шкотска на големо шпекулираат дека младиот Анчелоти би можел да биде нов тренер на Глазгов Ренџерс, каде настапува нашиот репрезентативец, Бојан Миовски. Повеќе информации се очекуваат во следниве денови.
